fbpx

Fiat го претстави електричниот E-Ulysse

Електричната офанзива на Fiat продолжува откако компанијата го претстави новиот E-Ulysse кoj пристигнува со опсег од 330 километри

Првично најавен минатата година, електричниот E-Ulysse е електрично комбе кое е наречено „идеално возило за ВИП транспортациски услуги. Електричниот модел ги следи стапките на стандардниот Ulysse и се одликува со елегантен стајлинг и 17-инчни тркала од лесна легура. Купувачите можат да избираат меѓу стандардна (4.956 милиметри) и продолжена (5.306 милиметри) варијанта. Кога станува збор за опциите, моделот може да биде опремен со Xenon фарови, врати на лизгање со моторизирано отворање и затворање, како и автоматска задна врата.

Fiat E-Ulysse

Ентериерот е минималистички опремен, но E-Ulysse може да смести до осум лица, а багажниот капацитет изнесува 4.900 литри. Моделот исто така е опремен со тризонски клима-уред и 7-инчен екран на допир за инфозабавниот систем.

Lounge варијантата за седум патници е наречена „дневна соба на тркала“ и се одликува со пет седишта на задниот дел како и масичка на расклопување. Купувачите исто така ќе најдат и масивен панорамски стаклен покрив како и греење на предните седишта обложени со кожа и масажерска функција.

Меѓу останатите главни карактеристики се и прочистувачот на воздух и задните седишта монтирани на шини кои лесно можат да се поместуваат, навалуваат или во целост да се остранат. Купувачите исто така ќе најдат и асортиман на системи за асистенции на возачот, вклучително автоматско сопирање во итни случаеви, предупредување за преден судир, предупредување за напуштање на коловозната лента и предупредување за слепа точка. Тука е и задната камера и технологијата за препознавање на сообраќајни знаци.

Две опции за батерии

Fiat E-Ulysse пристигнува стандардно со 50 kWh батерија, која обезбедува опсег на движење од 230 километри според WLTP циклусот. Како опција се нуди и поголемата 75 kWh батерија која го зголемува опсегот на движење на 330 километри.

Fiat E-Ulysse

Батериите го напојуваат електромоторот кој испорачува до 136 КС и 260 Nm вртежен момент. Со оглед на бројките, не треба да биде изненадување што забрзувањето од нула до „стотка“ изнесува 13,5 секунди, но E-Ulysse не е направен за перформанси, туку за транспорт на патници. Токму затоа, E-Ulysse поседува 100 kW брзо-полначки способности и овозможува помалата батерија да се наполни до 80 проценти за 30 минути.

Fiat E-Ulysse ќе се произведува во Франција заедно со Citroen Jumpy, Peugeot Expert и Opel Vivaro. Нарачките ќе бидат отворени овој месец, а испораките ќе започнат во мај.

Поврзани вести

Back to top button