fbpx

Финалистите од Златно тркало на заедничка дружба

Викендов го искористивме убавото време за заедничка дружба со сите финалисти кои се дел од изборот на Златно тркало за најпосакувани автомобили

Гласањето за наградите од изборот Златно тркало се уште е отворено, а во текот на вчерашниот ден (недела, 23.03) редакцијата на Авто Плус, заедно со останатите организатори на Златно тркало, се дружеа со финалистите кои конкурираат за наградите во неколкуте категории за автомобил на годината.

Настанот се одржа пред објектот на Пнеуматик кои беа нашите домаќини, а голем број посетители можеа на лице место да ги погледнат прекрасните автомобили кои ја бијат битката за признанијата на Златно тркало.

Дружбата помина одлично, а вие не заборавајте да гласате за вашиот фаворит во изборот на Златно тркало.

Поврзани вести

Back to top button