Ford ќе прави електрични автомобили со Mahindra

Ford и индискиот гигант Mahindra ќе развиваат заеднички електрични возила

Првата фаза од нивната соработка треба да трае три години, по што двете компании ќе одлучуваат дали да продолжат заедно.

Станува збор за заеднички развој во областа на електричните возила, автономното движење и поврзувањето на возилата меѓусебно. Освен тоа Mahindra треба да мупомогне на Ford да влезе посериозно на индискиот пазар, каде продажбата се проценува на 30 милијарди долари годишно, а Американците ќе и помогнат на Mahindra да стапне на нови пазари.
Mahindra
Инаку, Ford е една од првите странски компании, која се појавила во Индија – тоа се случи во 1995 година и во следните 10 години гигантот работи токму со Mahindra, а двете компании произведуваа автомобили во фабриката во градот Мадрас. Гамата на Ford за Индија е импресивна: пет модели, меѓу кои се Mustang и EcoSport. Пазарот на автомобили во Индија постојано расте и во 2020 година може да биде број 3 во светот, по Кина и САД. Некои компании се сериозно присутни таму – како Hyundai и Suzuki, а други – како General Motors, претпочитаат да се повлечат.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close