fbpx

Ford го зголемува производството на новата Fiesta

Ford објави дека за да одговори на зголемената побарувачка за новата генерација на хит моделот Fiesta во Европа, компанијата е принудена да го зголеми дневното производство на моделот за 100 единици во фабриката во Келн, во Германија

Од Ford коментираат дека Fiesta е најпродаван нов автомобил во Велика Британија за изминатиот месец, со реализација од 6.434 единици, и најдобро продаваниот мал автомобил во Германија со 4.660 нови регистрации. Само годинава, Ford Fiesta може да се пофали со неколку престижни признанија и достигнувања, вклучувајки максимална безбедност од 5 ѕвезди, доделени од Euro NCAP, Автомобил на годината 2018 во Грција, Најдобар буџетски автомобил од конкурсот, Светски дамски автомобил на година, флотен автомобил на годината, најдобар супермини…

Ford Fiesta

Ford Fiesta

Новата генерација на Fiesta се нуди со четирите нови и концептно различни остварувања, стилски дотераната Fiesta Titanium, спортската Fiesta ST-Line, луксузната Fiesta Vignale и кросовер изданието Fiesta Active. Зголемувањето на дневниот број од 1.500 возила е постигнато со продолжување на тековните смени и додавање на саботата како работен ден во ноември и декември.

Ford Fiesta

Поврзани вести

Back to top button