Ford и Mahindra се откажаа од заедничкиот потфат

Во 2019 година Ford и Mahindra ги најавија своите планови за заеднички потфат кој ќе го развие и дистрибуира Ford брендот во Индија

Нeшто повеќе од една година по објавувањето на планот за заеднички потфат на Ford и Mahindra, според кој Mahindra ќе требаше да го развива, маркетира и дистрибуира Ford брендот во Индија, односно заедничко пласирање на Ford и Mahindra возила за високо растечките пазари ширум светот, сето тоа паѓа во вода.

Mahindra беше подготвена да поседува контролен пакет акции во овој заеднички удел, додека Ford ќе ги префрлеше најголемиот дел од своите индиски опрерации, вклучително и Ченај и Сананд фабриките на овој нов ентитет.

Заедничката компанија требаше да биде лансирана кон средината на 2020 година. Сепак, тоа не се случи, а сега двете компании заеднички одлучиле да не ја комплетираат оваа трансакција.

Ford и Mahindra велат дека договорот, кој беше објавен во октомври 2019 и беше наречен „дефинитивен договор за креирање на заеднички ентитет“, е откажан како резултат на „фундаменталните промени во глобалните економски и бизнис состојби“ во изминатите 15 месеци. Меѓу проблемите се наведуваат пандемијата на коронавирусот, кој предизвика двата производители „да ги преиспитаат своите приоритети за распределување на капиталот“.

Со оглед на тоа дека овој план сега е мртов, Ford ќе продолжи со контролата на своите индиски операции. Сепак, комапнијата истакна дека „активно ги евалуира своите бизниси ширум светот, вклучително и Индија, правејќи избори и го распределува капиталот на начин што го унапредува планот на Ford за достигнување на 8 проценти прилагодена маржа на EBIT и да генерираат постојан силен прилив на готовина“.

Што тоа значи за Ford India, останува да видиме во следниот период.

Поврзани вести

Back to top button