Ford официјално го претстави EcoSport Active

Компанијата Ford официјално го претстави моделот EcoSport Active кој е поробусна и поагресивна варијанта на малиот кросовер

Ford EcoSport Active пристигнува со дополнителна заштита за каросеријата, со пластични облоги на двата краја, на страните и околу сводовите над тркалата, како и изменета решетка. Инаку, со својата Active варијанта, EcoSport се приклучува на веќе постоечките модели како Fiesta Active, Focus Active и Ka+ Active.

Како и претходните Active модели, EcoSport Active е „подготвен за авантури и активни стилови на живот“. Автомобилот e нешто поподигнат од тлото во однос на стандардниот EcoSport модел со цел да има поголем клиренс. Ford подготви и неколку унапредувања кои се однесуваат на шасијата, системот за потпирање и диференцијалот со ограничено пролизгување.

Ford EcoSport Active

Малиот кросовер пристигнува и со Active беџови на предните крила, но освен тоа, тој е речиси идентичен со регуларната верзија. Истото може да се каже и за ентериерот, иако тука е Active брендингот со буквата „А“ на потпирачите на предните седишта и ревидираниот тапацир во кабината. Листата на опрема вклучува и 8-инчен инфозабавен систем, 17-инчни алуминиумски тркала, задно стакло за приватност и покрив во црна боја.

Ford EcoSport Active пристигнува со 1,0-литарски EcoBoost бенсинзки мотор кој испорачува 125 КС и 200 Nm максимален вртежен момент. Моторот е во комбинација со шестстепен мануелен менувач преку кој моќноста се испраќа на предните тркала. Просечната потрошувачка според WLTP циклусот е 5,9-6,0 литри на 100 километри, додека CO2 емисиите се 136-137 грами на километар.

Ford EcoSport Active

Моделот е направен воглавно за европскиот пазар и се произведува во фабриката на Ford во Крајова, Романија заедно со новите модели како Puma и Puma ST.

Поврзани вести

Back to top button