fbpx

Славеникот Верстапен ја освои Малезија

Возачот на Red Bull, Макс Верстапен, ja освои трката за ГН на Малезија, која се возеше на патеката Сепанг, само еден ден откако наполни 20 години, па со ова стана најмладиот победник во историјата на ова Гран-при, што е дел од Formula 1 од 1999 година, па наваму

Холандскиот пилот на Red Bull се најде на чело на колоната, откако го нападна успешно лидерот Луис Хамилтон на Mercedes на влегувањето во првиот свиок на четвртиот круг. Пред тоа Макс покажа дека е побрз од Хамилтон и веднаш откако влезе во зоната за DRS, се обиде да го претекне Луис, но тоа не му донесе успех. Сепак нешто подоцна Холанќанецот влезе похрабро и заслужено се најде на лидерската позиција.

F1 Малезија

На стартот Хамилтон му беше полесно од очекувањата, поради од отсуството на Кими Раиконен со Ferrari, кој пристигна на стартната линија со оштетување и механичарите на Скудерија го прибраа во боксот уште пред почетокот на загревачкиот круг. Во првиот свиок Макс одлично се справи со клупскиот колега Дениел Рикардо, кој беше минат и од Валтери Ботас на Mercedes.
Откако излезе на чело Макс брзо направи предност од над 8 секунди пред Хамилтон, кој се пожали на радио дека неговиот болид не функционира на најдобар можен начин со супер меките гуми, но темпото не му се подобри и кога тој ги замени пневматиците.

F1 Малезија

Возачот на Ferrari, Себастијан Фетел, стартуваше како 19-ти и заврши на четвртата позиција. Само неколку круга пред крајот го стигна третопласираниот Рикардо и дури се обиде да го претекне, но сепак иако постојано беше „бодрен“ од боксот немаше доволно храброст. Австралиецот се заштити успешно, а веднаш по ова од боксот го предупредија Фетел дека температурата на неговиот нов мотор и хибридните системи е многу висока и тој треба да се „намали“ гас.

F1 Малезија

Со второто место на Хамилтон и четвртото на Фетел, по Малезија се зголеми предноста на Луис на врвот од генералниот пласман од 28 на 34 поени, а следното натпреварување е другата недела, за ГН на Јапонија, на патеката Сузука.

F1 Малезија

Поврзани вести

Back to top button