НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Франција, Холандија и Италија ги притискаат производителите да се откажат од дизел

Властите во неколку европски земји им препорачаа на производителите на автомобили да ја намалат употребата на дизел моторите во нивните модели поради високите нивоа на штетни гасови. Оваа информација ја сподели Bild am Sonntag, а истата е добиена од нивни извори.

Изданието има извештај, според кој во Франција е отворен проблем со Nissan Juke, како и со двата дизел модели на Renault – Captur и Kadjar. Во исто време во Холандија властите побарале од пазарот да се симне еден модел на Suzuki, додека оние во Италија се обидуваат да наметнат ограничувања на Fiat 500X.

Претставници на Fiat, Renault, Nissan и Suzuki засега одбиваат да коментираат за случајот, но тоа е уште еден потег на властите во ЕУ за ограничување или целосна забрана на автомобилите со дизел мотори. Само пред еден месец, германското Министерство за транспорт му нареди на Opel да ги повлече своите 100.000 возила во своите работилници, за кои се покажа дека испуштаат поголеми емисии отколку што е дозволено.

дизел

Емисиите на дизел мотори веќе предизвикаа четири јапонски производители да одбијат да продаваат вакви автомобили во Европа. Во оваа фаза тоа се, Mitsubishi, Suzuki, Nissan и Toyota, а Honda ќе им се придружи во 2021 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close