fbpx

Франција започна нова судска истрага против Fiat-Chrysler

Властите во Франција почнаа судска истрага против концернот Fiat Chrysler Automobiles, кој е осомничен за обиди да спречи проверка на емисиите на дизел моторите, кои ги произведуваат

Тоа го објави агенцијата Reuters, повикувајки се на информации од весникот Le Mond.

По признанието од Volkswagen Group за манипулирање на тестовите на дизел моторите на своите модели понудени во САД. Соодветните органи во Франција започнаа тестови на возилата во својата земја. Целта е евидентирање на одредени разлики помеѓу споменатите лабораториски резултати и оние во реални услови. Канцеларијата за борба против измама ги посочи Volkswagen, Renault, Fiat Chrysler Automobiles и Алијансата PSA како „виновници“ и ги предаде на обвинителството.

Fiat Chrysler Automobiles

Сите овие производители, без Fiat-Chrysler, соработуваат со властите. Американско-италијанскиот концерн сепак прави се што е можно за да ја попречи истрагата. Откако се покажало дека кај неколку негови модели нивоата на штетни гасови на дизел моторите се неколку пати повисоки од реалните. Сомнежи за користење на манипулирање со софтверот има кај 1,6 и 2,0-литарските мотори Multijet II, вградени кај модели на Fiat и Jeep, како и кај 1,3-литарскиот мотор на Fiat Doblo. Засега од Fiat-Chrysler одбиваат да дадат коментар за случајот.

Fiat Chrysler Automobiles

Fiat Chrysler Automobiles

Поврзани вести

Back to top button