НАСЛОВНАСАЕМИ

Frankfurt Motor Show IAA 2019

68-от Интернационален автомобилски саем (IAA) ги отвара своите врати оваа недела (12-22 септември) во Франкфурт на Мајна и како што може да се очекува, на изложбата доминантна улога ќе имаат германски брендови

Додека националните производители на автомобили ја заземаат централна позиција на салонот, глобалните трендови ќе доминираат на изложените возила. Тоа значи дека заедно со високо-ефикасните модели погонувани од бензинско и дизел гориво, ќе има енормно голем процент на возила кои користат типови на електрифицирани погони што ќе се движи од хибриди (Mild Hybrid) и (PHEV), па сè до автомобили кои користат само електрична енергија за погонување (EV).

Како што стана норма во последниве години неколку од големите автомобилски брендови ќе отсуствуваат од халите на франкфуртскиот саем, тие наместо тоа, избираа да ги промовираат своите автомобили на посебни настани во околината на саемот. Ваквите случувања се должат на фактот дека некои од производителите ги преиспитуваат трошоците, заситеноста и ефективноста на автомобилските салони како начин за промовирање на нивните производи.

Некои од најважните новитети што треба да бидат прикажани го вклучуваат долгоочекуваниот прв електричен Porsche, моделот Taycan, како и производната верзија на VW ID3, која има цел да го продолжи она што за Volkswagen го направија моделите Beatle и Golf, доближувајќи го електричниот мејнстрим автомобил до обичните купувачи.

Долго најавуваниот Land Rover Defender е подготвен за своето деби, а своето присуство го најави и Opel Corsa во бензинско, но и потполно електрично издание. Доаѓањето во Франкфурт го потврди и Lamborghini со својот прв хибриден супер автомобил наречен Sian, од друга страна пак Hyundai премиерно ќе ја престави новата генерација на градскиот модел i10.

IAAЛистата на новитети не завршува тука… тимот на Авто Плус веќе е на пат кон Франкфурт од каде ќе известува во живо за збиднувањата на IAA 2019, а сите случувања во реално време ќе можете да ги следите на нашите профили на Instagram и Facebook и се разбира на www.avtoplus.mk

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close