fbpx

General Tire подготвена за зимската сезона

Претставникот за програмата на американскиот бренд General Tire, Мотоцентар, ги презентираше трите нови видови зимски пневматици

Компанијата General Tire која беше купена од страна на Continental во 1987, денес работи низ целиот свет и произведува гуми за автомобили, камиони и индустриски апликации, како и специјализирани гуми за 4×4 возила. Во присуство на гости од регионалните канцеларии домаќините од Мотоцентар ги презентираа новите пневматици SNOW GRABBER PLUS и ALTIMAX WINTER 3.

Snow Grabber Plus

Snow Grabber Plus ги заменуваат веќе докажаните пневматици Snow Grabber. Ова е пневматик кој овозможува цврстина и одлични зимски перформанси, карактеристични за SUV/4×4 возилата, а притоа го задржува високото ниво на комфорт типичен за патничките возила. Snow Grabber Plus има зголемена трајност и моќност за повеќе изминати километри благодарение на користење на нови технологии развиени од експерти. Една од новите технологии е и TracGen технологијата која се карактеризира со отворени шари на рамењата за самочистење и ефикасно одстранување на кал, снег и мраз, со што се добива зголемена тракција на патишта покриени со снег и кал. Пневматиците правени по TracGen имаат засеци за снег што овозможува дополнителни контактни површини по длабок снег и зголемена тракција на снежни патишта, особено во кривини.

Altimax Winter3

ALTIMAX WINTER 3 пневматиците за автомобили се карактеризираат со зголемена густина на ламелите што значи и зголемена тракција на блоковите и зголемена тракција на снег. Повеќеаголните блокови го зголемуваат бројот на контактни површини во сите насоки со што значително се подобрува управливоста на патишта покриени со снег. Широките странични блокови ја зголемуваат цврстина на блокот со што се доаѓа до подобар пренос на сила и подобра управливост. General Tire ALTIMAX WINTER 3 доаѓаат во големини од 13 до 18 инчи.

Eurovan Winter 2

Нови пневматици за товарни возила Eurovan Winter 2 за долги и ладни зими. Нудат стабилна тракција поради новата зимска компонента. Доколку законот дозволува,има можност за шилци. Eurovan Winter 2 пневматиците поседуваат исклучителна тракција и управливост на снег. Се карактеризираат со одлично сопирање на влажни патишта и отпорност на аквапланинг. Во одност на безбедноста, со нив одлично се држи правец и управливоста во кривини е на високо ниво. Со овие пневматици возењето на снег е лесно бидејќи тие содржат голем број на ламели и повеќе-аголни блокови кои создаваат ефект на гребалка за снег и „џебови за снег“ до централниот канал за поефикасно отстранување на снегот од нагазната површина. Eurovan Winter 2 пневматиците доаѓаат во големини од 14 до 16 инчи.

 

Поврзани вести

Back to top button