fbpx

Genesis од ова лето пристигнува во Европа

Премиум марката Genesis внимателно го планира своето влегување на европскиот премиум пазар веќе некое време, а сега конечно е најавено дека ќе пристигне ова лето

Првиот автомобил на премиум брендот Genesis ќе пристигне во Европа ова лето и станува збор за моделите G80 и GV80 кои ќе се најдат во продажба од јуни. На овие два модели веднаш потоа ќе им се приклучат G70 и GV70, но корејската компанија нема да застане тука бидејќи на Стариот континент исто така ќе биде достапен и Electrified G80.

Genesis

Луксузниот бренд во сопственост на Hyundai истакнува дека автомобилите се „тјунирани за европските патишта“ во нивниот развоен центар во Германија, а нивните претпродукциски модели минале „десетици илјади километри низ 15 земји на некои од најтешките и најпредизвикувачките патишта во Европа“, како и патеката во Нирбургринг. За дополнително да го зацврсти своето присуство на пазарот во кој доминираат Audi, BMW и Mercedes, ќе лансираат две дополнителни електрични возила „во текот на првата година во Европа“, вклучително и еден модел кој ќе биде „изграден на специјална електрична платформа“. Иако од Genesis не откриваат поконкретни детали, веројатно станува збор за луксузен модел базиран на Ioniq 5 и Kia EV6.

Продажбата започнува во три градови

„Во изминатите пет години, нашите купувачи ширум светот успеаја да ја препознаат нашата посветеност на исклучителниот дизајн, квалитетот на производот и автентичното бренд искуство низ целото сопственичко патешествие. Ние веруваме дека сега е вистинското време за следното поглавје во историјата на нашиот бренд. Ние сме возбудени да го донесеме нашиот бренд идентитет и карактеристичен опсег на луксузни возила во Европа“, изјави глобалниот шеф на Genesis, Џаехон Чанг.

Genesis

Официјалната продажба на автомобилите на Genesis ќе започне во Германија, Швајцарија и Велика Британија преку дилерски мрежи во Минхен, Цирих и Лондон. Компанијата исто така ќе ги стави достапни своите возила и онлајн, а за да го олесни процесот на купување нов автомобил и да го подобри искуството, ќе назначат и „Genesis Personal Assistant“ чија задача е да го изменаџира секој аспект од искуството со купување и поседување на Genesis автомобилите.

Поврзани вести

Back to top button