fbpx

Продажбата во Германија скокна за 12 % во јануари

Продажбата на нови автомобили во Германија се зголеми за 12% во јануари и достигна 270.000 единици

Ова е најдобриот резултат за првиот месец од годината во речиси последните две децении, објавија германските медиуми.

За жал, во првиот месец од 2018 година, трендот што се наметна во изминатата година продолжи – регистрациите на нови дизел автомобили продолжуваат да опаѓаат, па во јануари е регистриран пад од 17%. Дел од овие податоци, исто така, потврдија и разни извори во автомобилската индустрија во Германија, кои, сепак, сакаа да останат анонимни до официјалното објавување на податоците.

– Новата година почна добро, изјави еден од овие анонимни извори за Ројтерс. – Имајте на ум, а тоа може само да радува, дека продажбата расте главно поради зголемениот број на приватни клиенти, а добро е и дека во јануари немало дополнителни работни денови, кои обично исто така ја зголемуваат продажбата.

Германија е најголемиот автомобилски пазар во Европа и често поставува репери за другите пазари на Стариот континент.

Поврзани вести

Back to top button