fbpx

GM со најмалку 20 нови електрични автомобили до 2023 година

General Motors ја покажува својата посветеност на електрификацијата на автомобилите со објавување дека до 2023 година

General Motors ја покажува својата посветеност на електрификацијата на автомобилите со објавување дека до 2023 година компанијата ќе лансира минимум 20 нови електрични понуди на пазарот.
Првите два нови електрични автомобили на GM што ќе бидат понудени заедно со 100% електричниот Chevrolet Bolt , а ќе пристигнат во следните 18 месеци.

GM

-General Motors верува во иднината на електричното возење, рече Марк Русе, извршен потпретседател на одделот заразвој на производи, нарачки и материјали на автомобилскиот гигант.

-Иако оваа иднина нема да се случи преку ноќ, GM е посветена на зголемување на потрошувачката и промовирање на електрични автомобили преку бескомпромисни решенија кои ги задоволуваат потребите на нашите клиенти.

Заедно со новите планови за електрификација, од GM потенцираат дека иднината со нулта емисија бара не само батерии, туку електрични автомобили на водород. Во оваа пригода, гигантот го најави својот концепт SURUS (Silent Utility Rover Universal Superstructure), кој е на платформа за водород / електричен погон на четири тркала . Со два мотори и агрегат за погон, SURUS може да се користи како доставен автомобил, камион или дури и амбулантни возила.

Поврзани вести

Back to top button