Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука кога станува збор за малопродажните цени на горивата во нашата земја

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цении на горивата во нашата земја од ноќеска на полноќ ќе претрпат поскапување. Зголемувањето на цените на нафтените деривати ќе биде во висина од 1,64 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.

Во конкретни цени, ова значи дека од ноќеска на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапи за еден денар, додека малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за половина денар по литар. Според ова, Еуросупер БС-95 ќе точиме за 62 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 63,5 денари, додека Еуродизелот ќе не чини 53,5 денари по литар гориво.

Од Регулаторната комисија истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување кај бензинот за 5,431%, а кај дизелот за 2,43%.

„Денешната одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на горивата е резултат на зголемените берзански цени од изминатата недела. Растот на сите референтни цени на светските берзи следува по изјавата на министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулаиз бин Салман, кој соопшти дека Саудиска Арабија ќе ги надмине договорените квоти на кратење, со цел да ја задржи сопствената економија и пазарот со нафта, по што од вторникот цената на нафтата Брент на берзите порасна за 5%“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Поврзани вести

Back to top button