fbpx

GTO Engineering го најави новиот Moderna проект

Инженерската компанија од Велика Британија и специјалист за Ferrari, GTO Engineering, ги откри првите детали за својот најнов проект Moderna

По претставувањето на 250 SWB Revival, GTO Engineering сега развива спортски автомобил под 1.000 килограми „кој го слави најдоброто од 60-тите години со модерен и инженеринг инспириран од мотоспортот“. Наречен Moderna, новиот автомобил ќе биде рачно изработен и ќе се продава под името на GTO Engineering.

Од компанијата велат дека етосот на новиот проект е да се поместат границите на модерното мајсторство со користење на нови материјали и знаења кои тимот ги здобил со креирањето и одржувањето на широк опсег на тркачки и патнички Ferrari модели од 1991 година.

GTO Engineering Moderna

GTO Engineering Moderna ќе користи тубуларна челична шасија со лесни, а сепак силни алуминиумски подрамки, додека главната каросерија ќе биде направена од карбон со Formula 1 спецификации, што ќе биде за прв пат за еден производ на GTO Engineering.

Автомобилот исто така ќе има и алуминиумски врати и хауба со цел да се заштеди на тежина, а притоа ќе се задржи чувството на спортски автомобил од 60-тите години на минатиот век. Компанијата исто така за цел има да и даде на Moderna тркачки пресврт со додавање на компоненти од мотоспортот за унапредено возачко искуство, уживање и користливост. Тоа ќе вклучува независен систем на потпирање и големи тркала со лесни и моќни сопирачки.

Кога станува збор за дизајнот, тој очигледно е инспириран од автомобилите на кои GTO Engineering работел од основањето на компанијата во 1991, со тоа што доста потсетува на легендарниот Ferrari 250 GTO. Двоседот со предно поставен мотор ќе комбинира традиционални стилски елементи како функционалното вентилирање на хаубата и сводовите над тркалата со модерен допир. Тоа вклучува LED предни и задни светла, современ издувен систем, како и унапредена електронка.

Поврзани вести

Back to top button