fbpx

Тјунинг компанијата Hamann модифицираше BMW X4 во нивен стил

Модифицираната верзија на новиот BMW X4 од Hamann доаѓа со модифицирана суспензија, нов издувен систем и комплет 22 инчни Anniversary Evo алуминиумски тркала

Втората генерација на BMW X4 за многумина можеби не е најубавото SUV купе кое постои на пазарот, но сепак некои тјунери сметаат дека можат да го направат попривлечно. Како што велат од Hamann, нивниот предлог на ова возило вклучува и визуелни модификации кои му даваат на BMW X4 вистински привлечен изглед. За почеток Hamann за новиот BMW X4 нуди предни спојлери, заден дифузор, задни кровни спојлери.

Hamann се уште не прифаќа нарачки за последните делови кои се насочени за новиот X4, но тоа ќе започне наскоро. Секако, тие треба да одговараат на секоја верзија на врвниот компактен модел, вклучително и најновиот X4 М, кој се бори со конкуренција како Jaguar F-Pace SVR и Mercedes-AMG GLC 63 Coupe.

М-моделот на X4 развива од нула до 96 километри на час за четири секунди ако се одлучите за Competition, или 4,1 секунда за „редовната“ варијанта. Првиот поседува 503 КС, додека вториот модел има „само“ 473 КС, а максималната брзина изнесува од 250 до 284 километри на час, со опционен M пакет, а двете доаѓаат со осумстепен менувач и систем со погон на сите тркала, за „живописен“ заден крај кој е адекватен за BMW.

 

Поврзани вести

Back to top button