fbpx

Honda го најави целосно новиот HR-V

Honda потврди дека целосно новиот HR-V ќе биде претставен официјално на 18 февруари и ќе се карактеризира со најновиот хибриден погон на компанијата

Уште од почетокот на 2021 година, Honda е прилично зафатена со лансирањето на новиот HR-V, а јапонскиот производител сега ги објави и првите дизери за новиот модел чија премиера официјално е закажана за 18 февруари.

Новата генерација на малиот јапонски SUV ќе го добие името HR-V e:HEV, како дел од стратегијата на Honda за електрификација на сите свои „мејнстрим“ модели во Европа до 2022 година. Со тоа, новиот HR e:HEV ќе се приклучи на CR-V и Jazz, кои веќе се достапни со најновата хибридна технологија на компанијата на Стариот континент.

Новата генерација на HR-V се очекува да добие подинамичен дизајн на екстериерот, со што ќе ги следи стапките на новиот Civic. Деталите за хибридниот погон на новиот HR-V се уште не се објавни, но кога станува збор за поголемиот CR-V, двомоторната хибридна поставка испорачува комбинирани 184 КС со спојување на два електромотори со 2,0-литарски i-VTEC бензински мотор и иновативна единечна „fixed-gear“ трансмисија, наместо CVT менувачот кој ќе се наоѓа кај други самополнечки хибридни модели.

Според Honda, оваа трансмисија кај CR-V и Jazz e:HEV нуди поголемо ниво на прочистување во споредба со CVT, заедно со подобра економичност. Според некои претходни информации, новиот HR-V би можел да користи 1,5-литарски бензински мотор во својот хибриден систем, исто како Jazz.

 

Поврзани вести

Back to top button