fbpx

Honda има нов 3Ѕ дилер за Македонија

Автомобилите и моторциклите на Honda отсега се достапни во новиот дилерски објект на компанијата Ауто Трејд, кој е единствениот 3S дилер за возилата од гамата на Honda за Македонија. Кратенката 3Ѕ подразбира продажба, сервисирање и набавка на оригинални резервни делови.

Во минатите 20-на години компанијата Авто Трејд играше голема улога на македонскиот автомобилски пазар преку застапување на друг автомобилски бренд, а преку соработката со Honda започнува ново поглавје во своето работење. Со свеченото отарањето на продажно-сервисниот центар и официјално е означен и почетокот на оваа соработка.

Сите заинтересирани за моделите на јапонската марка, без разлика дали станува збор за автомобили или моторцикли, како и заштитна опрема од реномираните Nolan, X-Lite и Apro може да ги најдат во салонот на Авто Трејд кој се наоѓа на улица Скупи бр.37.

Поврзани вести

Back to top button