fbpx

Honda објави нови тизер фотки за новиот HR-V

Honda објави неколку дополнителни тизер фотографии за целосно новиот HR-V во пресрет на официјалната светска премиера

Целосно новиот Honda HR-V полека се наближува кон својата светска премиера која е закажана за 18 февруари, а за таа цел јапонскиот производител одлучи да објави дополнителни тизер фотографии. Првите тизери се појавија пред десетина дена и го покажаа задниот дел на новата генерација на овој SUV, како и новиот e:HEV беџ, додека новите фотографии го прикажуваат ентериерот кој, исто како и екстериерот, ќе биде значително поинаков во однос на актуелниот модел.

HR-V

Најочигледната карактеристика е инфозабавниот екран кој сега е поставен на врвот на централната конзола и изгледа дека е опколен од отвори за вентилација. На тизерот исто така е прикажан и Apple CarPlay системот, а недостатокот на кабел сугерира дека овој сервис ќе биде бежичен и ќе пристигне како стандарден. Друга тизер фотографија потврдува дека SUV моделот на Honda ќе има физички команди за контрола на клима-уредот, што е навистина голем плус.

HR-V

Новиот Honda HR-V се очекува да биде најпрво претставен во Јапонија каде што ќе се продава под името Vezel. Во Европа, ќе се продава исклучиво во e:HEV варијанта, што значи дека најверојатно ќе ги има истите хибридни погони како CR-V e:HEV. Доколку тоа се потврди, HR-V ќе се одликува со 2,0-литарски i-VTEC бензински мотор кој ќе работи заедно со два електромотори кои заедно ќе испорачуваат 186 КС во комбинација со иновативната единечна „fixed-gear“ трансмисија.

Поврзани вести

Back to top button