НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Hyundai го најави својот најмал кросовер Venue

Пред премиерата на шоуто во Њу Јорк, корејскиот производител го објави името на новиот и најмал кросовер во својата гама, Hyundai Venue

На неполн месец до премиерата, автомобилскиот производител Hyundai го објави името на својот нов CUV модел: Hyundai Venue. Името на овој автомобил упатува на “место” каде што луѓето сакаат да бидат видени, или во овој случај, во внатрешноста на возилото. Тој симболизира трендовски, уникатен стил, совршен за најновиот и најмалиот CUV на брендот, кој ќе се обиде да ги таргетира помладите купувачи, желни за забава.

Дизајнот на новиот кросовер и покрај шпиунските фотографии, не ни е познат, но некои публикации тврдат дека тој е поврзан со концептот Carlino, претставен во Индија пред три години. Сепак, шефот на одделот за дизајн на компанијата изјави дека најмалиот CUV ќе изгледа различно од Kona, при што ќе има боксерски и храбар изглед.

Настрана од ова, новиот Hyundai Venue се очекува да биде натоварен со многу напреднa технологиja, меѓу која може ќе се најде и инфозабавниот систем со осум-инчен екран на допир, со Apple CarPlay и Android Auto. Спектарот на погонски единици ќе варира во зависност од пазарот, но на оваа листа се очекува да се најдат 1,0 и 1,4 литарските бензински мотори, како и 1,4 литарскиот дизел.

Глобалната премиера на новиот корејски CUV е закажана на автомобилското шоу во Њу Јорк, кое ќе се одржи кон средината на следниот месец.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close