fbpx

Hyundai има големи очекувања од новиот Tucson во Европа

Со опаѓањето на продажбата на компактните SUV модели во Европа за 37 проценти во октомври, Kona го надмина Tucson како најпродаван Hyundai на Стариот континент

И покрај продажните резултати и фактот дека Tucson го загуби првото место од Kona според продажбата во Европа, во Hyundai воопшто не се грижат. Шефот на италијанскиот оддел на корејскиот бренд, Андреа Креспи, смета дека сето ова е привремено и дека новата генерација на Tucson ќе се врати на врвот како бестселер на Hyundai. Инаку, кога станува збор за компактните кросовери, најдобро продавани модели во Европа се VW Tiguan, Nissan Qashqai и Peugeot 3008.

Креспи додаде дека Hyundai се надева дека ќе продаде 15.000 единици на Tucson само во Италија во 2021, од кои 7.000 се очекуваат да бидат хибриди и 1.500 plug-in хибриди, а оваа верзија треба да пристигне во Европа во февруари.

Последната генерација на Hyundai Tucson е навистина приказна за себе, почнувајќи со храбриот дизајн на екстериерот, како и комплексниот дизајн на решетката. Некои од овие стилски елементи дури се сметаат и за погрешни во некои дизајнерски школи, истакна дизајнерскиот шеф на Hyundai Санг Јуп Ли, осврнувајќи се на триаголните форми на кросоверот и вкрстените карактерни линии.

Tucson

Во споредба со својот претходник, Tucson e 20 милиметри подолг, 15 милиметри поширок и 5 милиметри повисок. Во меѓувреме, меѓуосовинското растојание е зголемено за 10 милиметри, што резултира со поголем простор на задниот дел. Сите погонски конфигурации пристигнуваат со достапен систем за погон на сите четири тркала, освен 1,6-литарската дизел опција со 113 КС. Корејскиот производител исто така планира и N Line верзија, која се очекува кон почетокот на следната година.

Кога станува за погоните, дизел моторите содржеле 66% од продажбата на претходната генерација на Tucson во Италија, а иако Креспи очекува таа бројка да се намали, се уште смета дека дизел моторите ќе бидат посакувани. „Уделот на дизел моторите ќе се намали, но нема да исчезне целосно“, истакна тој.

Поврзани вести

Back to top button