fbpx

Hyundai ја претстави новата електрична платформа

Hyundai Motor Group ја претстави својата нова Electric-Global Modular платформа (E-GMP) која ќе биде поставена на голем број електрични возила на Kia и Hyundai

Новата модуларна платформа на Hyundai, E-GMP, ќе може да се користи за повеќето автомобилски сегменти, вклучително седани, SUV модели и кросовери, а е направена со цел да понуди одлични перформанси и возачка стабилност при високи брзини. Клучната работа кај оваа платформа, освен нејзината модуларност, е тоа што во стандардната верзија, наменето е електромоторот за движење на возилото да е поставено над задната осовина, додека кај некои верзии ќе има и помал електромотор поставен во предниот дел од возилото.

Hyundai посебно нагласува дека оваа архитектура ќе овозможи исклучително просторна кабина, како и дека ќе се добие комфор кој во суштина не се очекува од возилата од споменатата класа. Корејскиот производител истакнува дека обезбедиле батериите од E-GMP платформата да имаат можност за брзо полнење до 800 волти, што е голем влог во иднината, бидејќи се очекува голем исчекор кога станува збор за брзината на полнење на батериите. Според нив, со полнење на полнач од 800 V, батериите би требало да се наполнат до 80 проценти од капацитетот за само 18 минути. Исто така, само пет минути се потребни за автономија од речиси 100 километри. Она што е интересно е дека новата платформа на Hyundai има vehicle-to-road функција која значи дека батеријата може да полни други 110V и 220V електрични опреми, па дури и да се користи за полнење на друг електричен автомобил.

Новата платформа ќе дебитира со Ioniq 5

Корејците очигледно учат од конкуренцијата, па истакнуваат дека новата платформа содржи унапреден систем за ладење на батериите, што е посебно важно особено при полнењето на истите. Се очекува оваа архитектура да дебитира со првиот член на Ioniq семејството на моделот Hyundai, Ioniq 5, кој би требало да пристигне на пазарот во 2022 година. По ова, базата ќе ја користи и Kia за својот неименуван модел, а ќе ја употреби и Genesis за создавање на електричен седан кој би требало да го предизвика Tesla Model 3.

Hyundai платформа

Како и да е, Hyundai сериозно вложува во развојот на нови електрични автомобили. Ова е сегментот каде ја гледаат својата шанса на глобално ниво, па затоа и не зачудува што корејската групација до 2025 година меѓу своите брендови да има дури 23 целосно електрични модели, а повеќето од нив ќе бидат базирани токму на ново претставената модуларна платформа E-GMP.

Поврзани вести

Back to top button