Hyundai сака да стане лидер во електромобилноста во Европа

Hyundai бара начин да се етаблира како главен играч во Европа кога станува збор за електричните автомобили преку новиот Ioniq бренд

Корејскиот производител Hyundai ќе започне со своите активности во Европа со три нови целосно електрични модели, од кои се очекува да се најдат во продажба во следните четири години. Прв ќе биде Ioniq 5, кросовер базиран на Concept 45.

Ioniq 5 се очекува да дебитира во Европа кон средината на следната година, по што во 2022 година ќе следува Ioniq 6 седанот и Ioniq 7 големиот SUV во 2024 година. Сите три модели ќе бидат поставени на новата глобална модуларна платформа (e-GMP).

„Во релативно краток распон на време, ние имаме потенцијал да станеме најголемиот снабдувач на електрични автомобили во Европа, особено со новата постава на посветен електрични модели под новиот Ioniq бренд“, изјави Мајкл Кол, претседателот и извршен директор на Hyundai Europe.

Кол го базира своето предвидување на преоценката дека Hyundai ќе продаде околу 60.000 електрични автомобили оваа година, со што веќе станува еден од најголемите играчи во сегментот на електро-возила во Европа.

Hyundai одлучи да го направи Ioniq самостоен бренд „како одговор на брзорастечката побарувачка на пазарот“, како и да ја забрза офанзивата на производителот за предводење на глобалниот EV пазар, што е прилично голема цел.

Заедно со своите „сестрински“ брендови Kia и Genesis, Hyundai има за цел да продаде 1 милион батериски возила до 2025 година, за што веруваат дека ќе претставува 10 проценти од глобалниот пазар на електромобили.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close