Hyundai и Kia со најдобри нови модели
Корејските компании се пласираа на прво место во рангирањето за најквалитетни нови автомобили понудени на пазарот, кое традиционално секоја година го прави американската агенција J.D. Power
Повеќе од 75.000 корисници биле анкетирани да дадат свое мислење за перформансите на моторите и преносите, како и за потенцијални проблеми во текот на првите 90 дена по купувањето на автомобилот. Според направените анализи на прво место во рангирањето е луксузниот бренд Genesis, кој му припаѓа на Hyundai.
Во неговите автомобили, просечниот број на проблеми што се случиле во првите 3 месеци од нивната експлоатација изнесува 62 на 100 возила. На втората позиција е Kia со 72/100, а трет е Hyundai со 74/100. Забележано е дека во првите пет по кој знае колку години нема јапонски бренд.
Производителот на луксузни модели Lexus е само на 8 место, додека Nissan е 10-ти. Еден од претходните лидери во слични рангирања Toyota го дели 17-тото место со Jeep, со резултат на двата производители од 96/100. Ова е над просечниот резултат 93/100.
Рангирање за 2018 година:
модели | просечен број проблеми во првите 3 месеци од експлоатација/100 возила |
Genesis | 68 |
Kia | 72 |
Hyundai | 74 |
Porsche | 79 |
Ford | 81 |
Chevrolet | 82 |
Lincoln | 83 |
Lexus | 84 |
Ram | 84 |
Nissan | 85 |
BMW | 87 |
Cadillac | 90 |
Mini | 90 |
Infiniti | 92 |
Mercedes-Benz | 92 |
Buick | 95 |
Jeep | 96 |
Toyota | 96 |
Dodge | 98 |
Acura | 99 |
GMC | 99 |
Mazda | 100 |
Honda | 102 |
Volkswagen | 103 |
Audi | 105 |
Chrysler | 111 |
Mitsubishi | 111 |
Subaru | 115 |
Volvo | 122 |