Hyundai прави „F1 пит стопови“ за полнење на ЕВ

Корејскиот производител Hyundai откри како ќе изгледаат нивните нови полнечки станици кои ќе бидат поставени оваа година на матичниот пазар

Автомобилскиот производител од Јужна Кореја Hyundai има нови полнечки станици наречени E-Pit, кои се инспирирани од Formula 1 пит стоповите. На овие станици, сопствениците на Hyundai електричните модели со 800-волтна технологија за полнење ќе можат да ги наполнат своите возила до 80 проценти од капацитетот на батеријата за само 18 минути. Компатибилните возила со само пет минути полнење ќе добијат опсег на движење од 100 километри.

Hyundai ќе распредели 12 E-Pit полнечки станици со вкупно 72 постави за полнење и 12 полначи за станици на автопатите ширум Кореја овој месец. Исто така ќе конструира дополнителни осум станици со 48 полначи во урбаните центри во државата.

Korea Times пренесува дека Hyundai исто така ќе претстави и нова услуга за дигитална наплата која ќе им овозможи на корисниците да платат за полнечките услуги автоматски преку мобилна апликација. Имајќи специјални и посветени полначки станици како овие се од особено значење во Јужна Кореја, со оглед на тоа дека повеќе од 60 проценти од населението во оваа земја живее во станови и поради тоа не можат да се потпрат на полнењето на своите возила во домашни услови.

Останува да се види дали Hyundai ќе конструира слични полнечки станици и во останатите земји и региони каде што ги продава своите електрични автомобили.

Првиот автомобил на корејскиот производител кој ќе има бенефит од брзополнечките станици ќе биде целосно електричниот Ioniq 5. По него следува и Kia EV6 кој е базиран на истата платформа како и Ioniq 5 и споделува голем број на компоненти. Подоцна оваа година, Genesis ќе се приклучи во електричното семејство со JW, кој исто така ќе ја користи истата платформа како и Ioniq 5 и EV6.

Поврзани вести

Back to top button