fbpx

Hyundai со тизер го најави престојниот Ioniq 5

Hyundai објави интересно видео кое има својство на тизер како најава за новиот електричен автомобил Ioniq 5, чија премиера се очекува на почетокот од 2021

Ioniq 5 ќе биде првиот електричен автомобил на Hyundai кој ќе биде базиран на неодамна претставената нова E-GMP платформа (Electric-Global Modular Platform). За жал, во тизер видеото немавме шанса да видиме некои детали за електричниот автомобил. Но, и покрај тоа, според производителот, кличето „влече инспирација од дизајнерските детали на целосно новиот Ioniq 5 кој допрва треба да биде претставен, прикажувајќи пиксели и точки на бела позадина како репрезенти на новата ера на електричните автомобили“.

Познато е дека Ioniq 5 ќе биде базиран на Hyundai 45 Concept кој беше претставен минатата година на Салонот во Франкфурт. Иако немаме фотографија од продукцискиот модел, квадратестите пиксели прикажани во видеото се можна најава за тоа дека ќе имаме пикселирани фарови слични на оние на концептот.

Веќе знаеме дека Ioniq 5 ќе биде претставен кон почетокот на 2021 година и ќе добие форма на компактен кросовер, иако клучните детали, како што се погонот и перформансите, остануваат тајност. Hyundai исто така потврди дека Ioniq 5 има двонасочна полнечка способност, можност за брзо полнење и ќе содржи голем број на додатоци.

E-GMP платформата врз која ќе биде поставен електричниот автомобил е платформа со погон на задните тркала, што значи дека Iоniq 5 ќе пристигне со погон на задните тркала, но и на сите четири. Ако таков биде случајот, верзиите со погон на сите тркала ќе вклучуваат и EV трансмисиски дисконектор кој ќе може да ја контролира конекцијата меѓу задниот мотор и предните тркала и да менува меѓу режими на возење на задни и сите четири тркалаза да се засили ефикасноста.

Поврзани вести

Back to top button