fbpx

Hyundai става крај на партнерството со Rimac

Корејскиот производител Hyundai наводно ќе стави крај на своето партнерство со Rimac поради соработката на хрватската компанија со Porsche

Во 2019 година, конгломератот Hyundai-Kia направи инвестиција вредна 90 милиони дилари во Rimac Group, хрватскиот производител на електрични автомобили. Двете компании склучија партнерство за развој на голем број возила, но иднината на истото сега е под знак прашалник. Минатата година Porsche го зголеми својот удел во Rimac, што наводно придонело за тоа Hyundai ја прекине врската со хрватската компанија, пренесува Automotive News Europe.

Публикацијата циттира анонимки извори за оваа информација, а Hyundai не одговори на прашањата за овие тврдења. Кога Hyundai и Rimac склучија партнерство, корејскиот производител откри дека двете компании ќе развијат најмалку две возила – целосно електрична варијанта на Hyundai N спортски автомобил и перформансно возило со технологија на горивни ќелии.

Според инфромациите на ANE, двата производители го завршиле развојот на возилото со горивни ќелии. Но, ниту спортскиот автомобил не е мртов. Елекетричното возило, кое наводно ќе биде лансирано кон почетокот на 2023, ќе го комплетира својот развој во Hyundai.

Од Rimac најавуваат уште заеднички проекти со Hyundai

Кога корејскиот производител инвестираше во Rimac, презде и 12 проценти удел во компанијата, кој Hyundai би можел да го продаде ако партнерството заврши. Од Rimac потврдија дека имаат два актуелни проекти со јужнокорејскиот производител, истакнувајќи дека едниот е комплетиран и дека двете компании разговараат за неколку идни производи.

Во март 2021 година Porsche го зголеми уделот во Rimac од 15,5 на 24 проценти, дополнително врзувајќи ги двете компании три години откако Porsche ја направи првата инвестиција во хрватската компанија. Сепак, во тој период, Porsche истакна дека со уделот не добива и контролно влијание. Неколку месеци подоцна, Rimac и Bugatti ги здружија своите сили создавајќи ја компанијата Bugatti-Rimac, во која Porsche поседува 45 проценти, а Rimac го поседува остатокот.

Rimac постепено расте од основањето во 2009 година. Не само што компанијата развива возила и ЕВ системи за други производители, туку исто така развива свој суперавтомобил наречен Nevera. Rimac го комплетираше зимското тестирање минатиот месец, а испораките ќе започнат наскоро. Rimac ќе произведе само 150 примероци на целосно електричниот хиперавтомобил од 1.914 КС, а секој од нив ќе чини 2 милиони евра.

Поврзани вести

Back to top button