Иновативна реклама за Honda Civic за време на карантин
Пандемијата на коронавирусот направи хаос во автомобилската индустрија, но Memac Ogilvy сепак најде како да сними реклама за Honda Civic
Не е лесно да се смисли добра реклама, но Memac Ogilvy е медиумска куќа која дојде до идеја како на иновативен начин да сними реклама за Honda Civic која е направена во домашни услови и домашна атмосфера. Огранокот на Honda во Обединетите Арапски Емирати ја ангажираше оваа компанија да направи реклама за Civic седан верзијата во прилично необични услови.
Рекламата започнува како и секоја друга, со гламурозни кадри од автомобилот, додека истовремено на видеото оди пораката „дека ова веројатно е првата реклама која е напишана, режирана, монтирана и гледана целосно од дома. Дури тогаш станува јасно дека за оваа реклама е користена играчка. Рекламата завршува со пораката „До следното возење, останете дома“.
We found a way to make a car commercial without leaving home.#StayHome #MemacOgilvy #Ogilvy #HondaUAE pic.twitter.com/wa4W4GAgjP
— Memac Ogilvy (@MemacOgilvyMena) April 8, 2020
Дефинитивно уникатен и креативен начин да се промовира Honda Civic во овие необични времиња и покажува дека со креативно размислување, се уште е возможно да се сними и продуцира автомобилска реклама без притоа да се користи вистински автомобил.