fbpx

Јаguar и Дуа Липа во соработка

Мега популарната музичка дива и модел, Дуа Липа и Jaguar објавија уникатна музичко и технолошка соработка -The PACE: Season One, која ќе стартува на 3 септември во Амстердам со екслузивна претстава

Настанот ќе го одбележи почетокот на европската турнеја, како и популаризација на Jaguar SUV семејството, во кое се вклучени моделите F-PACE , E-PACE и I-PACE. За време на настаните, Дуа Липа, која во моментот е една од најголемите музички ѕвезди во светот, ќе ги промовира моделите на британската компанија, со апостроф на целосно новиот и прв во историјата на легендарната автомобилска марка електричен модел I-PACE.

-Сакам да предизвикувам со мојата музика и моите претстави, а ова партнерство ќе го кренам на крајно возбудливо ниво, потенцира Липа. Ова е врвен проект, ја комбинира музиката и технологијата на Jaguar на свој начин и едноставно чуствувам дека на моите фанови ќе им се допаѓа она што го правиме заедно. Сè ќе биде претставено на 3 септември во Амстердам. Многу сум возбудена што мојот прв автомобил ќе биде I-PACE.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=17&v=CnW_-d6lcFM

Поврзани вести

Back to top button