fbpx

Jaguar F-Pace SVR доби освежување за 2021

Неколку месеци откако Jaguar F-Pace беше освежен за 2021 моделската година, „знаменосецот“ F-Pace SVR исто така доби свои унапредувања

Исто како и моделот во заминување, освежениот Jaguar F-Pace SVR се карактеризира со 5,0-литарскиот V8 мотор на компанијата и испорачува 542 КС и 700 Nm максимален вртежен момент, што е 20 Nm повеќе во однос на актуелниот F-Pace SVR. Во комбинација со унапредениот мотор пристигнува и ZF осумстепениот автоматски менувач и системот за погон на сите четири тркала кој овозможува SUV моделот да достигне до 60 милји на час (96 км/ч) за 3,8 секунди, што е побрзо од претходно. Максималната брзина на Jaguar F-Pace SVR сега изнесува 286 километри на час.

Jaguar F-Pace SVR

Инженерите на Jaguar го рекалибрираа Dynamic возачкиот режим за да се добие поостра реакција на гаста, потврда поставка на системот за потпирање, оптимизирано управување и направи засилувања на издувниот систем. Освежениот Jaguar F-Pace SVR исто така содржи и нова Dynamic Launch карактеристика кој ја користи возачката инерција за да ја одржи моќноста врз тркалата за време на промените на брзините.

Адаптивните амортизери на овој SUV се унапредени да понудат подобро возење при ниски брзини. Масивниите сопирачки исто така се унапредени со нов Integrated Power Booster кој придонесува за поспортска и пократка педала за сопирање. Унапреденото разладување исто така ги подобрува перформансите на сопирачките.

Jaguar F-Pace SVR

Како и кај остатокот од опсегот на освежениот F-Pace, новиот SVR вклучува ревидиран преден и заден дел кои комбинирано придонесуваат за намалување на коефициентот на отпор на 0.36. Клучното стилско унапредување вклучува нови целосно LED фарови со Double J дневни светла и тенки задни светла со препознатливата графика на Jaguar.

Неколку промени се направени и во кабината, исто како и кај пониските F-Pace варијанти. Така, тука е новиот 12,3-инчен дигитален инструмент кластер и новиот 11,4-инчен закривен стаклен инфозабавен систем кој го користи најновиот Pivi Pro систем кој вклучува поедноставени менија и бежични софтверски унапредувања.

Jaguar F-Pace SVR

Поврзани вести

Back to top button