Jaguar Land Rover ги посакува Alfa Romeo и Maserati

Jaguar Land Rover ќе се обиде да купи најмалку еден производител на луксузни автомобили во иднина

Jaguar Land Rover ќе се обиде да купи најмалку еден производител на луксузни автомобили во иднина. Според информациите од агенцијата Bloomberg, Британците се мошне заинтересирани за купување на Alfa Romeo и Maserati.
Jaguar Land RoverВо моментов, премиум дивизијата на Tata Motors генерира околу 78% од приходите на Групацијата. Проширувањето на портфолиото ќе им овозможи на Индијанците да го прошират опсегот на автомобили што ги нудат, за да влезат на нови пазари и на тој начин да ја зголемат нивната продажба сериозно. Во исто време, не е никаква тајна дека Fiat Chrysler Automobiles бара нов пат на развој и најверојатно ќе се раздели со некои од нејзините брендови, кои смета дека не се толку популарни. Италијанско-американскиот концерн има намера да се фокусира на развојот на брендови како што се Chrysler и Jeep, кои се продаваат многу поуспешно.
Истовремено во Jaguar Land Rover се заинтересирани за купување и на високо-технолошки компании. Ова ќе им помогне на Британците во развојот на електрични возила и автономни системи за контрола.

Jaguar Land Rover

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close