fbpx

Jaguar Land Rover со автомобил „камелеон“

AMOLED каросеријата на Jaguar Land Rover ќе ја промени бојата на автомобилот за само неколку секунди

Jaguar Land Rover ја адаптира технологијата која се користи кај закривените телевизори и флексибилните носачи за развој на автомобили кои ќе можат да се прилагодат со еден допир на екранот.

Компанијата истражува нови употреби за лесна електроника во поедноставена архитектура (Lightweight Electronics in Simplified Architecture – LESA) и вели дека технологијата ќе овозможи да се изградат ентериери за автомобили без копчиња, заоблување или продолжување на заоблувањата на рабовите или страните на контролната табла, па дури и панели за каросерија кои менуваат бои, кои всушност се огромни, заоблени AMOLED екрани.

Технологијата, која користи кола испечатени на неметални материјали, исто така може значително да ја намали големината и тежината на електрониката во автомобилот. Со тоа може да се додадат многу повеќе системи, вклучително и дополнителни дисплеи и соларни панели за да може сите да се напојуваат.

Внатрешен дизајн

LESA работи со употреба на софтвер за поддршка на компјутерски дизајн (CAD) за виртуелно да се „развитка“ дел од автомобилот (на пр. волан) во дводимензионална структура. Потребните кола и компоненти се мапираат на рамната површина, која потоа е виртуелно преклопена во оригиналната 3D форма. Штом тој процес ќе заврши, делот може да се произведе со кола кои веќе се ипечатени одвнатре.

Jaguar Land Rover веќе ја искористи технологијата за да создаде прототип на контролна табла над главата, која ќе тежи 60% помалку од конвенционалниот дизајн и е дебела 3,5 mm, наместо 50 mm.

Не е јасно кога технологијата може да пристигне во производството на возила, но компанијата има големи планови за тоа. „Здравствената, воздушната, потрошувачката технологија и воените индустрии веќе ги искористуваат придобивките од структурната електроника и нашето истражување го води патот во автомобилскиот сектор со тоа што за прв пат го внесуваме во кабината”, рече Ашутош Томар, технички менаџер за електрични истражувања во Jaguar Land Rover.

Поврзани вести

Back to top button