fbpx

Jaguar ќе го оживее ХК во 2021 година

По успехот на F-Type, во Jaguar размислуваат проширување и развој на палетата спортски модели на британската марка

Најпрвен ќе се појави сосема нова верзија на F-Type, а со неа и GT модел со 2+2 седишта, кој најверојатно ќе го препороди легендарното име XK. Според магазинот Autocar новиот GT модел речиси сигурно ќе се вика XK, а изданието го цитира главниот дизајнер на компанијата Јан Калум, кој зборува на оваа тема.

XK

– Сакам да имаме двосед спортски модел – F-Type, а плус и таков со 2+2 места, објасни Калум. – Сега работиме на ова прашање. Сеуште нема одобрен проект, но ние пробуваме повеќе дизајни и разгледуваме различни можности во оваа област.

Jaguar го прекина производството на ХК во 2014 година и оттогаш има постојано гласини за заживување на моделот. Самиот Калум неколкупати изјави дека стопирањето на производство на XK е многу непријатно за него. Ако Jaguar го прероди XK, тогаш новиот модел ќе добие нови мотори од семејството Ingenium, вклучувајки и 2,0-литарски 4-цилиндерски турбо мотор со моќност од 296 коњски сили. Доколку се појави моделот ќе биде лансиран во 2021 година. Исто како F-Type новиот модел ќе има и помоќни верзија R, како и топ варијанта SVR.

Поврзани вести

Back to top button