Jeep со тизер ја најави премиерата на култниот модел Wagoneer

Jeep објави нови тизер видеа за престојниот модел Wagoneer, но и за хибридниот теренец Wrangler кои ќе се најдат на врвот на понудата

Откако минатата година го лансираше пикап камионетот Gladiator, Jeep одлучи да обнови уште еден модел од своето минато. Станува збор за моделот Wagoneer кој ќе се најде на врвот во гамата на американскиот производител на теренски и SUV возила. Премиерата треба да се случи на 3 септември, а Jeep новиот модел го најави и со кратко тизер видео.

Покрај моделот Wagoneer, Jeep се очекува да го претстави и Grand Wagoneer, а двете возила ќе пристигнат и со трет ред седишта. Според најавите, овие модели ќе го претставуваат самиот врв на понудата на Jeep, како според големината и содржината, така и според луксузот.

Кога станува збор за тизерот за Jeep Wagoneer, засега не може да се забележи ништо, освен дека ќе има заоблена хауба и повисок преден дел. Моделот исто така ќе пристигне со покривни шини, но и скромен клиренс. Автомобилот се очекува да биде поставен на истата платформа како и Ram 1500. Од Jeep исто така потврдија дека постојат планови и за plug-in хибридна варијанта која ќе го користи истиот погон кај Wrangler 4xe.

Кога станува збор за Wrangler 4xe, тој наликува на моделот кој беше најавен на CES претходно оваа година. Исто така, на тизер видеото е забележливо и 4xe логото кое ја нагласува plug-in хибридната природа, на задната страна од автомобилот. Од Jeep остануваат таинствени за спецификациите, но моделот наскоро ќе го забележи своето деби. Се очекува да пристигне со 3,6-литарски V6 мотор и plug-in хибриден систем, за кој во американската компанија велат дека ќе биде мошне тивок.

Поврзани вести

Back to top button