fbpx

Како звучат шест автомобили за шест милиони долари?

На YouTube каналот DragTimes беше објавено видео во кое пет супер автомобили и најбрзиот теренец на планетата се натпреваруваат во гласност на нивните мотори

Вкупната вредност на машините е шест милиони американски долари. Најскапиот, секако, е Bugatti Chiron, кој е најмоќен со 1500 КС. Во САД овој модел се продава за 3,4 милиони долари. Околу 500.000 долари е цената на Ford GT со 655 КС, а 335.000 долари на McLaren 720S, опремен со мотор со 729 КС и 7-брзински автоматски менувач.

За околу 350.000 долари може да се набави Ferrari 458 Speciale, што се потпира на 4.5 литарскиот V8 со 605 КС. Автомобилот во видеото е опремен со издувен систем од Innotech Performance Exhaust. Lamborghini Urus, кој има 4.0 литарски двоен турбо мотор со 650 КС, исто така, го има овој систем, а цената на кросоверот е 225.000 долари.

Последниот учесник во оваа дружина е GT моделот во тјунинг верзија, за која се знае дека има 1.000 КС под хаубата, но неговата цена не е пријавена.

Поврзани вести

Back to top button