Kia подготвена со спортското Rio
Компанијата Kia откри детали за спортската верзија на хечбекот Rio, наменет за европскиот пазар
![Rio](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2018/01/R-n-4-780x405.jpg)
Автомобилот ќе биде прикажан на салонот во Женева, во март. Од стандардниот модел, Rio GT-Line се одликува по 17-инчни фелни, сјајна црна решетка на ладилникот, диодни светла против магла, елементи од каросеријата и двојните цевки на издувниот систем.
Kia Rio
Спортската верзија е опремена уште со адаптивни светла, мултимедијален систем со екран на допир со Apple CarPlay и Android Auto, задна камера, загревање на седиштата и управувачот, како и со систем за спречување на судир со функција за препознавање на пешаците.
На пазарот Kia Rio GT-Line излегува со 1.0-литарски турбомотор со моќност од 120 КС и 173 Nm вртежен момент, кој работи со 6-брзински мануелен менувач. Во подоцнежна фаза ќе се нудат и атмосферски мотори со зафатнина од 1.25 и 1.4 литри, како и 7-степен роботизиран менувач со две спојки.