fbpx

Во Кина 24.718.000 продадени нови автомобили

Според кинеската асоцијација на производители на автомобили (СААМ), во 2017 година во земјата се пласирани 24.718.000 нови автомобили, што претставува зголемување од 1,4% во споредба со 2016

Производството во Кина изминатата година се зголеми за 1,6%, достигнувајќи 24.807.000 единици.

CAAM коментираше дека во споредба со резултатите од 2016 година, забележан е значителен пораст во производството и продажбата на SUV изведби – 12,4% и 13,3%, додека во сите други сегменти има пад од пред една година. Продажбата на кинески брендови во 2017 година се зголеми за 3% на 10.847.000 единици, што резултираше со зголемување од 0,7% во нивниот удел на пазарот, кој веќе достигна 43,9%.

CAAM

Според податоците на СААМ, извозот во изминатата година достигна 891.000 единици, што претставува зголемување од 25,8% во споредба со 2016 . Патничките автомобили забележаа подобрување од 34%, или 639.000 возила, додека трговијата падна за 8.9% %, до 252.000 единици.

Поврзани вести

Back to top button