Кинески BAIC станува најголем акционер во Daimler

Кинеската BAIC група започна постапка за купување на акции по што ќе стане најголемиот ко-сопственик на германскиот гигант Daimler

Кинеската државна автомобилска групација од Пекинг (BAIC), која веќе поседува 5 проценти учество во Daimler, започна купување на акциите на германската компанија на отворениот пазар, пренесува Ројтерс.

Со тоа BAIC би добил место во Управниот одбор на гигантот од Штутгарт со што би го претркал својот конкурент од Кина Zhejiang Geely Holding. BAIC планира да го удвои својот ко-сопственички удел на околу 10 проценти купувајќи акции на отворениот пазар.

BAIC, кој е во сопственост на владата на Кина, во моментов е трет најголем ко-сопственик на Daimler, но со зголемувањето на бројот на акциите на 10 проценти би го престигнал Geely кој поседува 9,96 проценти од Daimler. Освен тоа, BAIC со учеството од околу 10 проценти би добил и столче во Надзорниот одбор на компанијата, нешто што Geely во моментов не го поседува.

BAIC посакува да биде поголем акционер во Daimler од Geely со што би станал најважниот соработник на германската компанија во Кина. HSBC, кој претходно го советуваше BAIC за купување на 5 проценти од учеството во Daimler, повторно и помага на групацијата со седиште во Пекинг за новата инвестиција.

Од германската компанија тврдат дека не добиле известување за растот на бројот на акции на BAIC, но истакнаа дека ги „поздравуваат долгорочните инвестиции од Кина“.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close