fbpx

Кинески NIO нуди поевтини електрични возила, ама без батерија

Кинескиот производител на електрични возила NIO ја лансираше својата Battery As A Service (BAAS) програма во Кина

NIO благодарение на својата BAAS програма им овозможува на своите клиенти да купат електричен автомобил, без притоа истите да имаат батерија, со што цените на електричните возила стануваат поконкурентни на пазарот.

Програмата исто така им овозможува на корисниците да го менуваат капацитетот на батериите зависно од нивните потреби и со тоа да ја платат соодветната цена. Ова значи дека BAAS исто така нуди решение за проблемите како што е деградацијата на батериите, надградливоста и ниската препродажна вредност.

Според сето ова, се наметнува прашањето колку поефикасно, кога станува збор за цената, е купување на електричен автомобил без притоа воопшто да има батерија во него? Според NIO, доколку купите електричен автомобил кај нив преку BAAS програмата, можете да заштедите и до 10.000 долари на автомобилот на сите NIO модели, како и да се претплатите на 70 kWh батерија за околу 141 долари месечно.

NIO веќе мина низ фаза на хомологација за возилата да ги продаваат без батерија, а првиот BAAS корисник веќе го купи својот автомобил. Секако, BAAS немаше да функционира ако не постоеше технологијата за промена на батерии на NIO. Компанијата регистрираше повеќе од 1.200 патенти поврзани со замена на батерии и веќе направи повеќе од 800.000 замени.

Кинеската влада се согласува со сето ова, откако го одобри првиот национален стандард за замена на батерии кај електричните возила, промовирајќи го овој тип на технологија и сите сервиси кои доаѓаат со него. NIO дури повлече и иницијатива и помогна во носењето на стандардите заедно со Кинескиот центар за автомобилско истражување и технологија CATARC.

Поврзани вести

Back to top button