Koи се најдобро продаваните SUV изведби во светот?
Во последните неколку години, SUV моделите се најдоа на мошне сериозни пазарни позиции, а во Европа пазарниот удел достигна доминантно ниво од околу 34%
![SUV](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2018/07/10-best-SUV-780x405.jpg)
Кои се најбараните пазарни понуди на глобално ниво во овој сегмент покажува новата студија на агенцијата Focus2Move. Според податоците на Агенцијата, со раст од 7,8% за првите пет месеци од годината, на челната позиција е Toyota RAV4, со продажен резултат од 335.128 единици. На второ место со минимална разлика од лидерот, се подредува VW Tiguan со 332.185, а третата позиција е за Honda CR-V со 275.476 единици.