fbpx

Kои се најдобро продаваните брендови и модели во Европа во октомври

Агенцијата JATO Dynamics објави месечен извештај за продажбата на марки и модели на европскиот пазар и паралелно со тоа истакна дека бизнисот во Европа запишал последователен месец со намалување од 7.1%

Според JATO Dynamics, и покрај падот на побарувачката од 16%, Volkswagen продолжува да биде најбараниот бренд во Европа и во октомври. На второ место, со минимално намалување од 2% се подредува Ford, а на трето е Peugeot со раст во реализацијата од 2%.

Во ТОП 10 на најбараните брендови во Европа во октомври влегуваат исто така Mercedes (77.172), Renault (67.855), BMW (66.537), Opel / Vauxhall (63.419), Toyota (56.499), Škoda (55.997) и Citroën (45.396).
Во најпродаваните модели во октомври, VW Golf се рангира повторно и покрај сериозниот пад на побарувачката од 26%, потоа следи Renault Clio (23.937, + 2%) и VW Polo (20.987, + 60%).

JATO Dynamics

Во најбараните модели до десетата позиција се редат Ford Fiesta (20.811), Toyota Yaris (18.951), Škoda Octavia (18.043), Peugeot 208 (17.962), Peugeot 3008 (17.317), Citroën C3 (17.068) и FIAT Panda (16.088).

Со највисок раст во бизнис со нови автомобили во октомври може да се пофалат во Литванија (+ 21.7%) и Грција (+ 12,9%), додека најсериозните намалувања се забележани во Романија (32.9%), Шведска (28,1%) и Австрија (20,3%).

JATO Dynamics

Поврзани вести

Back to top button