fbpx

Конвенционалните автомобили ќе преживеат?!

Официјалниот став на Porsche е дека брзaта офанзива на електрифицираните автомобили воопшто не ги загрозува конвенционалните автомобили со мотор со внатрешно согорување

Тоа е точно, но со едно многу важно објаснување! Никогаш нема да бидат загрозени оние автомобили кои нудат едноставно уживање при управувањето, односно „дружењето“ со нив претставува примарно задоволство, гласи во додатокот од страна на Porsche.

 

Porsche

-Нема сомневање во блиска иднина ќе се оформи интересна тријада: plug-in хибриди, спортски автомобили со мотори со внатрешно согорување, кои нудат силни емоции и електрични изведби, објасни Оливер Блум, извршен директор на Porsche за Automotive News, на отворањето на изложбата во музејот на брендот, посветена на 70-годишнината од дебито на 356, првиот сериски модел на Porsche.

-Секогаш ќе има побарувачка за интелигентни спортски автомобили. Кај Porsche задоволството и уживањето при возењето секогаш ќе се преден план, но во сообраќаен метеж или кога треба да се паркирате, возачот може да ја „предаде“ контролата над автомобилот на електрониката.

Porsche е водечки бренд во гамата на Volkswagen Group и овој тренд можеби ќе се задржи и во влезот на индустријата во ерата на електрифицирани возила. Во моментов Panamera Turbo S E-hybrid држи 60% од сите продажби на моделот. Porsche дури има проблеми со снабдувањето на батерии за хибридниот и поради тоа за испорака на ваква верзија на моделот се чека меѓу три и четири месеци.

Porsche

Допрва претстои промоцијата на сериската верзија на електричниот Mission E, а следната генерација на 911, исто така ќе биде електрифицирана – се очекува тоа да се случи околу 2023 година, кога 3.0-литарски турбо мотор на моделот ќе проработи во комбинација со електромотор.

Тоа значи дека Porsche е одамна на „возот за иднината“, но не треба да се заборави дека ова е компанијата која нуди неверојатни спортски изведби и решенија со технологии каде во преден план се конвенционалните мотори, кои неверојатно уште ги привлекуваат оние кои посакуваат вакви изданија.

Поврзани вести

Back to top button