fbpx

Краток тест Citroen C3 Aircross: Невообичаено искрен

Додека ривалските брендови создаваат кросовери кои изгледаат модерно и „кул“, но потфрлаат на места кои во суштина се најважни, како на пример внатрешениот простор, а новата т.е ажурирана верзија на C3 Aircross одбива да го напушти своето потекло кое влече корени од MPV моделот С3 Picasso

Покрај сè што се пласира од маркетиншка гледна точка, марката Citroen е всушност еден од најискрените автомобилски брендови, возилата кои доаѓаат од овој производител содржат многу дух и уникатен каратер, а најмногу некои од најважните параметри за многу клиенти: практичност, удобност и вредност за вложените средства.

Ако го погледнете новиот Citroen C3 Aircross одзади, ќе се борите да ги пронајдете разликите од автомобилот што го заменува, минималната промена во графиката на светлосните склопови е единственото место каде е интервенирано. Но затоа предниот дел добива драстична преобразба која влева софистицираност во изгледот на автомобилот. Новобликуваните, потенки предни светла (стандардно во LED технологија) и пошироката решетка со поагресивен изглед го постигнуваат овој ефект, сепак тој е далеку од кросовер со најдобар изглед во сегмантот, но сигурно е еден од малкуте кои поседуваат карактер со уникатен стајлинг.

Голема пространост во ентериерот

Исто како и на екстериерот така и во внатрешноста промените се минимални и се изведени само на одредени места. Одговорните лица се воделе од поговорката која вели, „ако добро нема потреба да се преправа“. Во кабинскиот простор на C3 Aircross чувството е како да сте во дневна соба, поседува голем отворен простор дефиниран со прави агли и елементи кои го прават визуелно интересен. Citroen е особено горд на своите напредни седишта кои додаваат 15 мм во облогите и овозможуваа поголема удобност одколку кај конкурентите.

На многу начини, Citroen C3 Aircross е поблиску до MPV отколку кросовер, особено кога станува збор за понудата на просторот. Ова го прави еден од најпрактичните автомобили во својата класа за што е заслужен и двоспратниот багажен простор со капацитет од 410 литри.  Во највисокото ниво на опременост, со кое патем беше опремено тест возилото вграден е нов инфозабавен систем од 9 инчи, кој не само што изгледа далеку подобро, туку и има многу подобро време на реакција во однос на стариот систем, дополнително доаѓа со Apple CarPlay и Android Auto како стандард.

Разумен избор кај моторните опции

Кај C3 Aircross се нудат две моторни опции, бензинска и дизелска со две верзии на излезна моќност. Во нашиот случај функцијата на двигател му беше одстапена на тричилиндерскиот бензинец со турбо полнач кој од 1.2 литарска зафатнина развива 110 КС и преставува основа во моторизацијата. Овој агрегат се наметнува како разумен избор кој со својата работа и перформанси нуди доволно моќ за кросовер фокусиран на секојдневниот комфор. Силата ја пренесува кон предните тркала преку 6 степен мануелен менувач со изразено меко работење. Во целиот аранжман се вклопуваат и перформансите кои велат дека до 100 км/ч стигнува за 10,2 секунди, а максималната брзина на движење изнесува 183 км/ч.

Bо неколкудневното дружење возевме низ градски метеж и на отворен пат, а потрошувачката која ја измеривме во просек изнесуваше 7,1 литар на 100 изминати километри. Во делот на возните способности за моделот C3 Aircross може да се каже дека го прави токму тоа што од него се очекува да го направи на пат, ништо помалку и ништо повеќе од тоа. Удобноста е името на играта кога станува збор за управувањето, C3 Aircross е мек и предвидлив автомобил кој има за цел да го направи животот зад управувачот максимално лесен и опуштен.

Моделот C3 Aircross можеби не е најкул, но е исклучително практичен и непретенциозен автомобил. Како резултат на тоа, нуди нешто сосема искрено и уникатно што го прави посебен во преполниот и исклучително конкурентен сегмент.

Цена на тестираниот модел: 18.825 евра

 

Технички податоци за Citroen C3 Aircross PureTech 110 S&S Shine    

моторEuro VId TEMP, бензин, четиритактен, трицилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
работна зафатнина1.199 см3
пречник и од75,0 x 90,5 мм
степен на компресија10,5:1
напојувањедве брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар со варијабилни фази на работа, директно вбризгување на горивото, компресор, интеркулер
максимална моќ110 KС (81 kW) при 5.500 min/-1
макс. вртежен момент205 Nm при 1.750 min-1
трансмисијана  предните тркала преку 6-степен мануелен менувач
потпирањенапред мекферсонови нозе, независни попречни рамења, стабилизатор, назад торзиона оска, спирални пружини, телескопски амортизери
сопирачкинапред самовентилирачки дискови, назад дискови, ABS, EBD, ЕЅР, ТСЅ
пневматици205/60 R16
каросеријаSUV со пет врати, пет седишта
должина х ширина х висина4.154 x 1.756 x 1.537 мм
меѓуоскино растојание2.604 мм
траги (напред/назад)1.513/1.491 мм
тежина1.179 кг
максимална тежина1.795 кг
багажен капацитет410 литри
резервоар45 литри
максимална брзина183 км/ч
забрзување 0-100 km/h10.2 секунди
потрошувачка (отворен пат/град/просек)4,3/5,9 л/4,8/100 км
емисија на CO2111 г/км

Citroen C3 Aircross  во Македонија

Citroen C3 Aircross Feel HDi 11017.880 евра
Citroen C3 Aircross Feel Pack PureTech 11017.190 евра
Citroen C3 Aircross Feel Pack PureTech130 EAT619.900 евра
Citroen C3 Aircross Feel Pack HDi 11018.890 евра
Citroen C3 Aircross Feel Pack HDi 120 EAT621.890 евра
Citroen C3 Aircross Shine PureTech 130 HP EAT620.900 евра
Citroen C3 Aircross Shine HDi 11019.890 евра
Citroen C3 Aircross Shine HDi 120 EAT622.890 евра

Повеќе информации во Автонова или на тел. (0) 30 93 011

 

Конкуренти:

Ford Pumaод 21.600 до 30.600 евра
Renault Capturод 15.990 до 25.340 евра
Opel Mokkaод 17.920 до 25.790 евра
Fiat 500Xод 18.490 до 22.000 евра
Volkswagen T-Crossод 18.406 до 28.575 евра
Nissan Jukeод 18.900 до 26.090 евра
СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА АВТО ПЛУС. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.

Поврзани вести

Back to top button