Краток тест Jaguar XE: Движење кон спортската насока

Како одличен спој на спортски карактер и премиум луксуз, Jaguar XE уште со своето појавување во 2015 стана модел кој го редефинираше сегментот на спортските лимузини

По речиси четири години на пазарот, британската марка реши да го измени тековниот модел со цел да го одржи свеж помеѓу силната конкуренција во сегментот на седани од средната класа, каде суверено владеат германците. Со новиот XE, Jaguar се надева на редефинирање на концептот за луксузен спортски седан, кој ќе стане Автомобилот во класата. Неговата лесна конструкција, спортската силуета, луксузниот ентериер и извонредно возење и ракување, се сведоштво за визијата на основачот на компанијата Сер Вилијам Лионс: „Автомобилот е најблиското нешто што некогаш ќе го создадеме до нешто што е живо“.

Дизајнерски знаци инспирирани од F-Type

Новиот стил на надворешниот дизајн на Jaguar XE е широко рафиниран за да овозможи убави детали и впечатлив, силен став. Како продолжување на прекрасно креираните пропорции на оригиналниот автомобил, намерата за XE да се придвижи во насока на спортските купе-а, е инспирација повлечена од спортскиот автомобил на компанијата, Jaguar F-Type.

На прв поглед, предниот дел на моделот изгледа поширок и понизок од порано, што главно се должи на новиот дизајн на пошироката централна решетка, пропратена од смелите графики и поголемите и поостри решетки. Мускулната форма со јасно дефинирани профили придонесува кон поагресивниот изглед на XE. Нов светлосен потпис во форма на „J“ е обезбеден со целосно новите LED предни фарови, кои исто така имаат задача да го карактеризираат смелиот изглед на автомобилот.

Надворешност 1/3 | Jaguar XE
Надворешност 2/3 | Jaguar XE
Надворешност 3/3 | Jaguar XE

    Движејќи се кон задниот дел, она што прво се забележува е новиот браник и дифузер, кои покрај тоа што ја подобруваат визуелната ширина на автомобилот, туку и оставаат впечаток дека имаат значително влијание кон аеродинамичките перформанси на автомобилот. Кон подобрениот став на XE придонесуваат и тенките LED светла со ажурирани графички, кои се всушност еволуција на оние употребени кај F-Type. Тие обезбедуваат нов светлосен потпис на задниот дел на автомобилот и истовремено го нагласуваат неговиот спортски карактер. Со цел да се заокружи новиот изглед, понудениот спектар на тркала е ревидиран, па сега достапен е асортиман од вкупно 11 модели фелни, во големина од 17 до 20 инчи.

    Ново ниво на луксуз

    Целокупниот луксузен и технолошки спакуван ентериер кај новиот XE обезбедува поголема удобност, квалитет и практичност за сите патници. Секој аспект на кабината е подобрен со поголемо внимание на деталите, подобрено складирање и подобра удобност на патниците. Материјалите меки на допир се застапени по целата кабина, а редизајнираните облоги на вратите, страничните делови на конзолата и горниот дел од инструмент таблата се со премиум завршетоци. Премиум чувството е засилено со воведувањето на Touch Pro Duo, кој може да се види и кај целосно електричниот i-Pасе на Jaguar.

    Системот е изведен со 10-инчен инфозабавен систем, пропратен од 5-инчен дисплеј со екран на допир поставен под него, кој се користи за прилагодување на поставките поврзани со клима уредот, преку новите мултифункционални ротирачки прекинувачи. Кабината добива и нов ревидиран управувач, кој сега е со нова форма, целосно нова спортска рачка од менувачот која доаѓа како замена на досегашната ротациона, како и безжичниот полнач за паметни телефони, кој се наоѓа на листата на дополнителни опции, заедно со head-up дисплејот.

    Внатрешност 1/3 | Jaguar XE
    Внатрешност 2/3 | Jaguar XE
    Внатрешност 3/3 | Jaguar XE

      Технолошки подобрен

      Луксузен спортски седан со себе носи иновативна технологија, најнови системи и подобрена поврзаност во компактната класа на седани од средна големина. Во поглед на безбедносните систем, новиот XE сега ги добива системот кој го следи однесувањето на возачот, а притоа соодветно делува со регулирање на акцелераторот и сопирачките. Достапна е и технологијата Park Assist, која може да идентификува соодветни паралелни и нормални места за паркирање со помош на ултразвучни сензори.

      Поедноставен погонски спектар

      Дизајниран и конструиран да овозможи најдобро ракување и највисоко ниво на динамичност во својата класа, новиот Jaguar XE добива пофокусиран опсег на мотори и ги презема контролите на возачот директно од F-Type, потенцирајќи го неговиот спортски карактер. Конструкцијата на XE, за алуминиумски каросерија е исклучително стабилна, но лесна структура, заедно со двојните „V“ водилки кај предна суспензија и задната интеграл-линк оска, е фундаментална за динамиката карактеристична за едно спортско возило. Алуминиумот сочинува 75% од каросеријата на моделот и се комбинира со погон на задните, односно на сите тркала, вклучувајќи ги и најнапредните мотори на Jaguar, за беспрекорно ракување и перформанси.

      Кај претходниот XE, погонскиот спектар беше навистина сложен и широк, со преку десеттина различни конфигурации. Оваа листа е значително скратена, па така ажурираниот британски седан сега е понуден со само неколку бензински и дизел Ingenium мотори. Од бензинските единици, достапен е 2.0 Ingenium мотор, кој доаѓа во две варијанти и тоа со моќност од 300 и 250 коњски сили и погон на сите четири тркала. Во дизел варијанта, XE достапен е само со 2,0 литарската единица, кој испорачува моќност од 180 коњски сили и 430 Nm вртежен момент, а со оглед на тоа што токму ваквиот модел го имавме на тест, можеме да кажеме дека соодносот на ефикасност и перформанси е одлично избалансиран.

      Поврзан со седум-степен автоматски менувач и погон на задните тркала, ваквата конфигурација на XE може слободно да кажеме дека е навистина возбудлива за управување. Респонсивен погон, прецизен, со брзи реакции, а и самата бројка на вртежниот момент си го прави своето, во поглед на понудените перформансни карактеристики. Одлично држење во свиоци, дури и при поголеми брзини, агилно однесување, со високо ниво на удобност кај еден ваков спортски седан. Во поглед на потрошувачката, за време на неколкудневното тест возење, претежно во градски услови, овој мотор се покажа и прилично ефикасен, со просечна потрошувачка на гориво која се движеше во границите од 10,2 до 10,7 литри на 100 изминати километри.

      Цената на тестираниот модел изнесува 59.000 евра.

      Jaguar XE

       

      Технички карактеристики за Jaguar XE 2.0 180HP:

      моторEuro VI, дизел, четиритактен, четирицилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
      работна зафатнина1.999 cm3
      пречник и од83 x 92,4 mm
      степен на компресија15,5:1
      напојувањедве брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар со варијабилни фази на работа, common rail директно вбризгување на горивото, компресор, интеркулер
      максимална моќ180 КС (140 kW) при 4.000 min-1
      макс. вртежен момент430 Nm при 1.750-2.500 min-1
      трансмисијана задните тркала преку 8-степен автоматски менувач
      потпирањенапред: Мекферсонов систем, независни попречни водилки, стабилизатор; назад: мултилинк, спирални пружини, телескопски амортизери
      сопирачкинапред и назад самовентилирачки дискови, ABS, EBD, ESP, TCS
      пневматици225/45 R18 (напред) 245/40 R18 (позади)
      каросеријаседан со четири врати, пет седишта
      должина х ширина х висина4.678 x 2.075 x 1.416 mm
      меѓуоскино растојание2.835 mm
      траги (напред/назад)1.602/1.585 mm
      тежина1.565 kg
      максимална тежина2.190 kg
      багажен капацитет410 l
      резервоар56 l
      максимална брзина228 km/h
      забрзување 0-100 km/h8,1 секунди
      потрошувачка (отворен пат/град/просек)3.7/5.1/4.2 l/100 km
      емисија на CO2130 g/km

      Jaguar XE во Македонија:

      Jaguar XE S 2.0d 180HP RWD49.300 евра
      Jaguar XE HSE 2.0d 180HP RWD57.500 евра
      Jaguar XE R-Dynamic HSE 2.0d 180HP AWD63.000 евра
      Jaguar XE HSE 2.0t 250HP RWD59.700 евра
      Jaguar XE R-Dynamic HSE 2.0t 250HP RWD62.800 евра
      Jaguar XE R-Dynamic HSE 2.0t 300HP AWD69.000 евра

      Повеќе информации во Аутомобили Гроуп или на тел. (02) 3093 024.

      Конкуренти:

      Volvo S60од 55.490 евра до 71.290 евра
      Mercedes C-Класаод 34.660 евра до 99.900 евра
      BMW Серија 3од 39.500 евра до 52.930 евра

      Британскиот луксузен седан низ објективот на Авто Плус:

      Клучни зборови

      Поврзани вести

      Back to top button
      Close