fbpx

Lamborghini е подготвен да го претстави SCV12

Италијанската компанија Lamborghini наскоро ќе го претстави моделот SCV12 откако на официјалниот веб сајт објавија тизер фотографија

Lamborghini наскоро ќе го претстави својот нов тркачки модел SCV12 кој ќе пристигне во ограничена серија, ако се суди според најавите на нивниот официјален веб сајт. На фотографијата која ја објавија, може да се забележи SCV12 со својот агресивен изглед, а особено се истакнува предниот карбон сплитер и стилските LED светла со карактеристичната октагонална форма.

Затемнетата тизер фотографија ги крие некои од клучните детали, сепак моделот се забележува дека ќе има голем вентилациски отвори на покривот, а меѓу останатите карактеристични работи тука се и предните вентилациски крила, масивниот спојлер и перките кои се наоѓаат зад задните тркала.

Иако Lamborghini се уште не отркива детали, од компанијата веќе истакнаа доволно кога станува збор за ограничената сезија на овој автомобил наменет за тркачките патеки. Lamborghini SCV12 е поставен на целосно нова карбонска шасија која овозможува подобар power-to-weight сооднос, како и најдобро управување и возачко искуство на тркачките патеки. Агресивниот стајлинг исто така му овозможува на моделот да произведе аеродинамички притисок поголем од GT3 автомобил.

Автомобилот се напојува со V12 мотор кој испорачува 830 КС. Истиот е поврзан со шест степен секвенцијален менувач кој ја испраќа моќноста на задните тркала. Се уште нема најави кога SCV12 ќе биде претставен целосно пред јавноста, но со сигурност пристигнува наскоро, со оглед на тоа дека од Lamborghini најавија претходно дека премиерата ќе се случи во текот на летото.

Поврзани вести

Back to top button