Lamborghini со јубилеј, продадени 10.000 Aventador возила

Lamborghini прославува важен производствен јубилеј, откако италијанската компанија го произведе 10.000-тиот Aventador во Сант'Агата Болоњезе

Еден од последните суперспортски автомобили кои се напојува со V12 мотор Lamborghini почна да го произведува во 2011 година. Девет години по почетокот на производството од погонот на италијанската компанија излезе 10.000-тиот Aventador кој ќе му биде испорачан на купувач во Тајланд. Честа да биде јубилејниот примерок му припадна на моделот SVJ Roadster чија сива каросерија е украсена со црни и црвени детали.

Автомобилот се напојува со атмосферски 6,5-литарски V12 мотор кој испорачува 770 КС и 720 Nm максимален вртежен момент. Aventador SVJ Roadster пристигнува со седумстепен менувач и погон на сите четири тркала. Од нула до 100 км/ч стигнува за 2,9 секунди, а максималната брзина е преку 350 километри на час.

Приказната на Aventador започна во 2011 година кога LP700-4 Coupe влезе во продажба. По него следуваше Roadster верзијата во 2012 година кој пристигна со две отстранливи карбонски секции. Претходно таа година, Aventador J беше прикажан во Женева. „Сагата“ продолжи со Aventador S во 2016 година, со аеродинамички унапредувања, редизајниран систем на потпирања и поголема моќност на моторот.

Пред две години се појави Aventador SVJ со повеќе унапредувања и рекорд на Нирбургринг за продукциски автомобили. Овој автомобил беше ограничен на 900 примероци, додека производството на Avеntador SVJ 63 кој ја одбележуваше годината на формирање на компанијата во 1963, беше ограничен на само 63 примероци за купе и 63 за Roadster верзијата.

Avеntador минатата година беше претворен и во уметнички автомобил, а проектот беше наречен Avеntador S by Skyler Grey.

Aventador

Како и да е, Lamborghini дефинитивно ќе ја надмине магичната граница од 10.000 изработени единици на Aventador и ќе наоѓа нови купувачи уште некое време. Останува дилемата што ќе биде по пензионирањето на Aventador и дали ќе го наследи нов модел. Но, се погласни се шпекулациите дека Lamborghini се подготвува за електрификација и дека ќе му каже збогум на V12 моторот.

Поврзани вести

Back to top button