fbpx

Lamborghini Urus со јубилеј, 10.000 примероци за две години

Само две години по лансирањето на својот SUV модел наречен Lamborghini Urus, италијанската компанија одбележа значителен јубилеј

На Lamborghini му беа потребни само две години за да дојде до бројката од 10.000 произведени примероци од SUV моделот Urus. Со тоа, одлуката на менаџментот на компанијата за лансирање на возило во овој сегмент се испостави како одлична.

Јубилејниот примерок е наменет за купувач од Русија, а офарбан е во Nero Noctis Matt црна боја. Автомобилот е опремен и со специјален пакет кој вклучува голем број компоненти изработени од карбон.

Lamborghini Urus

Lamborghini Urus своето деби го забележа во декември 2017 година. Од компанијата уште тогаш напоменаа дека влегуваат во SUV сегментот со цел да ја зголемат продажбата на возила. Одлуката се испостави како исправна. Веќе во 2019 година беа испорачани 4.962 примероци, што тогаш сочинуваше 61 процент од вкупната продажба на Lamborghini. Една година претходно, Urus беше продаден во 1.761 примерок, но причината за тоа е што производството стартуваше дури во јули.

Lamborghini Urus

Од Lamborghini со право очекуваат актуелната 2020 година да биде уште поуспешна кога станува збор за продажбата. Имено, и покрај кризата наметната од пандемијата на коронавирусот, во првата половина се испорачани преку 3.000 единици на Urus. Доколку продолжи ваквиот тренд, Lamborghini би можел да ја заврши 2020 година со продадени рекордни 6.000 примероци од својот SUV модел.

Lamborghini Urus се склопува во Manifattura Lamborghini, на продукциска лента посветена исклучиво за Urus. За да се направи простор за новиот објект, Automobili Lamborghini го удвои просторот на своето седиште од 80 на 160 илјади квадратни метри. Базиран на таканаречениот Factory 4.0 модел, производствената линија за Urus интегрира нови продукциски технологии за поддршка на работниците низ процесот на склопување.

Во јуни 2020 Lamborghini ја претстави новата колекција на бои за Urus, наречена Urus Pearl Capsule. Истата се карактеризира со двобоен екстериер, ултра-светли бисерни ноти со четирислојна боја, во согласност со традицијата на Lamborghini.

Поврзани вести

Back to top button