fbpx

Lexus го најави првиот plug-in хибрид, а првиот ЕВ доаѓа догодина

Компанијата Lexus ги најави своите ЕВ амбиции со претставувањето на LF-Z Electrified концептот во март оваа година

Премиум брендот Lexus се подготвува за својата електрична офанзива, а производителот планира да лансира најмалку 10 нови или унапредени модели кои ќе добијат електромотор до 2025 година. Во согласност со тоа, Lexus потврди дека првиот од неколкуте plug-in хибридни модели ќе биде лансиран подоцна оваа година.

Во соопштението во кое се објаснува електрификациската стратегија, Lexus вели дека нивниот прв PHEV ќе биде со масовно производство, а по него ќе следува целосно нов и прв вистински и специјален електричен модел кој ќе дојде во 2022 година. Од јапонската компанија ветуваат дека со користење на електрификациското знаење кое го собрале во изминатите години во полето на хибридни автомобили, ќе креираат „нова вредност и возачко искуство уникатно за Lexus електрифицираните возила“.

Во Lexus остануваат таинствени кога станува збор за техничките аспекти, но сепак истакнуваат дека нивните идни електрифицирани модели ќе ја добијат таканаречената DIRECT4 технологија, која е всушност систем за дистрибуција на вртежниот момент со погон на сите четири тркала. Од Lexus велат дека оваа технологија комбинира „високо прецзна контрола на возачката сила со респонзивен steer-by-wire систем кој ги нагласува рефлексите на возилото“.

Во моментов, Lexus има девет електрифицирани модели кои ги продава во 90 земји во светот. Минатата година, околу 33 проценти од глобалната продажба на брендот отпадна на електрифицирани возила. Уште поважно, од април 2005 година, луксузната марка испорачала повеќе од 2 милиони хибриди и електрични возила за своите купувачи.

До 2025 Lexus сака да има електрифицирани модели во целиот свој опсег на возила. Од компанијата истакнуваат дека пред крајот на деценијата, продажбата на хибриди и електрични модели ќе ја надмине онаа на моделите со мотори на внатрешно согорување. На крајот. до 2050 година, Leхus сака да достигне карбонска неутралност низ целиот животен циклус на возилото, вклучително производството, логистиката, возењето и рециклирањето.

Поврзани вести

Back to top button