fbpx

Lexus подготвува нов луксузен SUV модел

Lexus најави нов концептен автомобил, кој ќе биде прикажан на изложбата во Детроит, на почетокот од следната година

LF-1 ќе биде претходник на јапонската нова луксузна SUV серија.

Машината, која е создадена во Lexus Design Center во Калифорнија, ќе покаже како ќе се развива дизајнот на брендот. Производителот го нарекува својот концепт „неограничен SUV“, кој треба да ги редефинира сфаќањата за луксуз во сегментот. Судејки според единствената достапна слика во моментот, факт е дека станува збор за автомобил од модерен SUV сегмент.

Повеќе детали се очекува на Саемот во Детроит во средината на следниот месец.

Поврзани вести

Back to top button